НАЈДОБРИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ - Виена повторно е на врвот на листата, еве кој град е на дното

Објавено во: Свет 25 Септември, 2022
По три години, Виена повторно е на врвот на индексот на Економист за најдобри градови за живеење (The Global Liveability Index).
По две години во кои рејтингот на градовите беше силно погоден од пандемијата на корона вирусот, односно мерките што беа преземени, во 2022 година ситуацијата се нормализира.
Главниот град на Австрија, кој нуди безброј можности за култура и забава, се рангира високо во однос на стабилноста, има добра инфраструктура и на своите граѓани им нуди одлична здравствена заштита - тој е најдобро оценет град со импресивни 99,1 поени од можни 100. Главниот град на Данска, Копенхаген и швајцарскиот град Цирих се следните два града на листата, пишува Ал Џезира.
Тука се и канадските Каљари и Ванкувер, Женева, Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн.
На дното на листата на градови по квалитет на живот е Дамаск со оценка 30,7.
Лошо рангираат и нигериските Лагос, либиските Триполи, Алжир и Карачи.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ, ОДЛОЖЕНИ ЛЕТОВИ, ЛУЃЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО АВТОМОБИЛИТЕ: Невреме го погоди Њујорк

Путин регрутира уште 130.000 луѓе - дали војната во Украина ќе ескалира?

СИНЏИРИ, ЗАВРТКИ, СЛУШАЛКИ: Во стоматокот на Индиец лекарите нашле 60 предмети

Шмигал вети дека ќе ја внесе Украина во ЕУ во следните две години

ЛИДЛ ГО ИСФРЛА ЦЕЛОТО МЕСО ОД АСОРТИМАНОТ: Еве ги деталите и што значи тоа
