29 Март, 2024
0.0272

Најдобриот саем за љубители на стилизирани мотори - Естетика која исчезнува

Објавено во: Стил 21 Април, 2018

Добивај вести на Viber

На саемот Custom Revolution во САД на најдобар начин беа прикажани сите еволуции на познатите мотори, како и умешноста на индивидуалци кои вршат различен вид на стилизирања, додатоци и естетски трикови.

Саемот во чиј фокус е еволуцијата на мотоциклите се одржа во Лос Анџелес и е прв во светот од ваков вид. На саемот беа претставени 24 мотоцикли од најкреативните и иновативните мајстори во последните 10 години.

Custom Revolution го слави естетското дизајнирање на мотоцикли кој во последните 10 години многу е намален. Имаме мајстори од Јапонија, Германија, Шпанија, Ирска и цела Америка. Тука се сите стилови и видови на мотоцикли, но тоа што ги обединува сите е естетската визија и вистинскиот занаетчиски квалитет“, рече Пол Д’Орлеанс, куратор и историчар на мотоцикли.

Глобализацијата и технологијата не го заобиколија ниту традиционалниот начин на произведување на мотоцикли. Затоа, една од главните идеи на саемот е поттикнување на креативноста и инспирацијата за да се создаде нешто уште поинтересно.