25 Април, 2024
0.4816

Најголем пад на економијата во еврозоната по Втората светска војна

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Целата ЕУ и првенствено 19 земји од еврозоната во 2020 година забележаа најголем економски пад од Втората светска војна.

Имено, како последица на кризата предизвикана од пандемијата „ковид“, 19 земји кои ја користат заедничката валута, еврото, забележаа пад на БДП од 14,7 проценти во вториот квартал на 2020 година, во споредба со истиот период во 2019 година, објави Европската агенција за статистика.

За истиот период, падот на БДП на ниво на цела ЕУ е 13,9 проценти. Падот на БДП во еврозоната е придружен со пад на потрошувачката на домаќинства, намалување на извозот, како и зголемување на бројот на невработени.

Евростат вели дека во вториот квартал на 2020 година е забележан „најостриот пад“ на БДП и бројот на вработени од почетокот на сезонското мерење во 1995 година. Во споредба со почетокот на 2020 година, бројот на вработени се намали за 2,9 проценти во еврозоната, трошоците за потрошувачка на домаќинства се намалија за 12,4 проценти, а извозот падна за 18,8 проценти.

Во својата последна економска прогноза, од јули 2020 година, Европската комисија процени дека кризата ја погоди европската економија повеќе од очекуваното. Европската комисија предвидува дека БДП на еврозоната ќе се намали за 8,7 проценти во 2020 година, а ќе се зголеми за 6,1 проценти во 2021 година. Значителен економски пад во 2020 година се очекува за Франција, Италија и Шпанија, додека помал е предвиден за Германија, Холандија и Полска.

Кога станува збор за пазарот на трудот, Европската комисија наведува дека значително помал број на работни часови за време на пандемијата не се претвориле во голем број невработени во ЕУ.

„Зголемувањето на бројот на невработени е, засега, релативно мало во однос на наглиот пад на економските активности, што ја разликува ЕУ од остатокот на светот“, беше истакнато во Брисел.

Во Брисел, покрај оценката дека одредени „економски подобрувања се забележани на крајот на јуни и почетокот на јули“, тие предупредија дека патот кон економско закрепнување на еврозоната, но и на целиот свет, сè уште е неизвесен поради непредвидливоста на пандемијата. Како можен нов камен на сопнување за европската економија, кој ќе ги смени сите претходни бројки и предвидувања „на полошо“ во Брисел, тие предупредуваат на можно повторно воведување на вонредни мерки и затворање поради новиот бран „ковида 19“, на кој сме сведоци низ цела ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?