Добивај вести на Viber
Најголемата грчка банка – Националната банка на Грција, објави дека успеала да собере доволно капитал за да избегне национализација.
Тоа е втората грчка банка што успеа да ја исполни таа цел.
Педесет милијарди евра од меѓународните заеми за Грција се назначени за банкарскиот сектор.
За да избегнат национализација, банките треба да соберат 10 отсто од неопходниот капитал од приватни инвеститори.
Останатата сума ќе биде покриена од фондот за спас од меѓународнито заем.
Од четирите главни банки во Грција, Алфа банка избегна национализација додека Јуробанк не успеа. Во тек е рекапитализација на Пиреос банк.