Најголемиот страв на претседателот Пендаровски-ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР
Објавено во: Македонија 06 Април, 2020
Претседателот Стево Пендаровски својот
најголем страв го открива во интервјуто за Фактор. Вели дека од целава
ситуација поврзана со кризата од пандемијата на коронавирусот, најмногу
стравува за економијата. Смета дека кризата која наметна затворање граници и низа други забрани, во голема мера ја загрозува економијата во земјава. Но, се
разбира и сосема нормално, додава Пендаровски, најголем приоритет за државата останува
здравјето на граѓаните.