28 Март, 2024
0.0310

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5” започнува утре

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот, ова година по петти пат ќе се одржи во Скопје во организација на Битрикс културно-уметнички центар

Објавено во: Мои пари 07 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Станува збор за интернационален танцов камп и фестивал кој изобилува со богата програма: танцови настани, работилници, натпревари (battles), перформанси и сл. Организаторите велат дека за ова петто јубилејно издание, создале програма каква што немало на Балканот досега. Програмата е поделена во пет сегменти како симбол на петте досегашни кампови години, и тоа: програма за деца "Kidsterz", работилници со домашни и регионални инструктори "Community Program", работилници со едукатори "Educational Program", работилници со интернационални предавачи "International Program" и перформанси/натпревари.

На танцовата лига секоја година доаѓаат реномирани кореографи, па така и годинава се појавуваат едни од најзвучните имиња во сферата на урбаниот танц. Од 8-17 јуни во Скопје доаѓаат: Kenzo Alvares (Холандија), Jaja Vankova (Украина), Dylan Mayoral (Англија), Kevin Paradox (Холандија) и Edwin Batalla (Германија/Јамајка), кој е минатогодишниот победник на најголемиот freestyle battle во Европа "Summer Dance Forever" - Амстердам.

Покрај интернационалните имиња, во периодот од 8.06 - 13.06, во „Јавна Соба“, ќе се одржат работилници со кореографи од Бугарија "Skywalkers Crew" и од Србија "Continuum Dance Theater", како и сите инструктори од Битрикс (Ивана Балабанова, Стефани Пецалевска, Ана Марија Темелковска, Сара Ничота, Сандра Најдановска, Јана Петровска, Леонарсо Хусеини, Мартин Иванов и Ива Богоевска). Ќе се одржат работилници и по современ танц и тоа од: Александра Начева - професорка во средното училиште „Илија Николовски - Луј" - Скопје, Бојан Мицев (ФМУ), Теодора Ежовска (ФМУ), а Адријана Данчевска - позната по својата работа во „Скопје танцов театар“ по пат на аудиција ќе одбере тим со кој ќе подготви танцов перформанс.

Во периодот од 14-17 јуни, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржат настани кои нема да ја остават рамнодушна публиката.

Интернационалниот дел од кампот ќе се отвори на 14.06 со перформансот на Адријана Данчевска, а истата вечер ќе се одржи спектакуларен и посебен аудиовизуелен перформанс „Етер“ во кореографија на Ивана Балабанова, а со звукот на Дарија Андовска и анимациите на Глигор Постоловски (ДВД 5).

На 15.06 и 16.06 ќе се одржат танцови битки "Beat-Making Battle" и "All Styles Battle". Beat-Making Battle е концепт на натпревар помеѓу дуа од бит-креатори и танчери, а како судии се појавуваат минатогодишните победници Јана Петровска и Иван Костадинов (Панда) и Ивана Балабанова и Брус (Green Out). "All Styles Battle" битката помеѓу танчери, оваа година ќе се реализира со звуците на Inomatik (Мики Миноски) и изведба во живо на бендот "Musaiq". Судии на натпреварот ќе бидат Dylan Mayoral, Edwin Batalla и Kevin Paradox.

 На 17.06, фестивалот ќе се затвори со „Гала Вечер“ каде ќе се претстават повеќе локални танцови клубови, како и перформанси на кореографите и предавачите.

Креативен директор на фестивалот е Ивана Балабанова, за креативата и дизајнот е одговорна Ана Стојановска, а Марсбен се појавуваат како официјална видео-продукција.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија