Најголемите грчки синдиката повикаа на 24-часовен штрајк поради затворањето на ЕРТ
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2013
Двата најголеми синдиката во Грција - на вработените во приватниот и во државниот сектор, повикаа утре на 24-часовен генерален штрајк против затворањето на државната радио и телевизија ЕРТ, објавија грчките медиуми.
Грчкото Министерство за финансии денеска објави дека било задолжено да го прекине емитувањето на програмите на ЕРТ и да биде надзорен орган до гласањето на закон за формирање нова современа државна радио-телевизија, објави весникот „Имерсија“.
Во соопштение од Министерството се вели дека ЕРТ е ликвидирана, а емитувањето програми е прекинато.
И вработените во грчката државна радио и телевизија ЕРТ повикаа денеска за протести пред зградата на медиумот во Атина. Штрајк е закажан денеска и во приватни радио-телевизискаи канали и во националната агенција АНА-МПА.
Во 23 часот синоќа по локално време прекина емитувањето програма на ЕРТ. Главниот предавател близу Атина, бил исклучен од полицијата, изјави за западни медиуми претставник на синдикатот.
Владата на Грција вчера соопшти дека ќе биде прекинато времено емитувањето програми на националната телевизија и радио заради економски мерки. Владин портпарол изјави дека компанијата трошела премногу средства, страдала од корупција и лош менаџмент.