25 Април, 2024
0.0443

Најиновативните светски технологии за прочистување на воздух и вода изложени во новата концепт-продавница на „Екотип“

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Најреволуционерниот прочистувач на воздух Blueair Health Protect, за кој независните тестирања потврдија дека го елиминира живиот коронавирус (SARS-CoV-2) од воздухот, е изложен во новата концепт-продавница на овластениот дистрибутер, компанијата „Екотип“,која од денеска е отворена за посетители и нуди промотивни акции и изненадувања. Водејќи се од начелото дека чистиот воздух и вода се основно право за сите и од желбата овие две нешта да ги направи достапни за сите, во новата концепт продавница покрај водечкиот производ Blueair Health Protect, застапени се и други најиновативни светски технологии за прочистување на воздух, вода и за дезинфекција без хемикалии.

Во модерно дизајнираната концепт-продавница потрошувачите лично може да се запознаат со врвните технологии за филтрација и нивната практична примена, да го изберат најсоодветниот производ за нивните потреби и да добијат корисни совети и информации поврзани со прочистувањето на воздухот и водата.  

- Акцентот на нашата концепт-продавница е ставен на личното искуство на потрошувачите. Ја замисливме како место во кое може да ги почувствуваат благодетите на чистиот воздух и чистата вода благодарение на технолошките новитети кои значително го менуваат нашиот квалитет на живот, почнувајќи од воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и средствата за чистење на просториите што ги употребуваме. Концепт-продавницата не е обично продажно место, туку центар на чистиот воздух и водакој овозможува интерактивно искуство со водечките светски технологии од оваа област – вели Илија Андреевски, генерален директор на компанијата „Екотип“. 

Дел од понудата во новата концепт-продавница се прочистувачитеза воздух на водечкиот шведски бренд Blueair кои се наменети за домот, работните простории или во автомобил, како и заменски филтри и додатоци. Тука е достапен и најиновативниот прочистувач од овој бренд, револуционерниот Blueair Health Protect, единствениот на пазарот за кој официјално е потврдено дека го елиминира коронавирусот од воздухот во затворени простории, како и дека ги уништува останатите вируси и бактерии. Просторот внатрешно е уреден со дизајнерските саксии Hobby flower, опремени со патентиран систем за наводнување кој на засадените растенија им креира идентични услови  како и животната средина. Овие растенија ослободуваат поголеми количини кислород и се совршена поддршка на прочистувачите во обезбедувањето чист и квалитетен воздух во затворени простории.

Покрај прочистувачите за воздух, концепт-продавницата ги нуди најиновативните технологии за прочистување на вода Aquaporinнаправени според системот за филтрација кој постои во природата, како и брендовитеза филтрација Bluewater и FloWater. Tука се достапни и производите на брендот Tersano, уреди кои овозможуваат чистење и дезинфекција на предмети и простории без употреба на хемикалии, туку само со користење на проточна вода за пиење и озон, со кои се уништуваат сите штетни микроорганизми.

Новиот концепт-простор на компанијата „Екотип“ се наоѓа на улицата „Орце Николов“ број 202/1, во непосредна близина на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број 070 219 682. 



Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет