19 Април, 2024
0.0268

Најистакнат општествено одговорен проект во високото образование - аплицирајте за стипендија и студирајте на МБУ!

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Доколку имате остварено добар успех во средното образование, а сé уште не сте решиле каде ќе го продолжите своето образование, идеален избор може да претставува Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) кој е еден од најдобрите универзитети во земјава и кој според Шангајската листа е прогласен за најдобро рангиран универзитет во областа на наставата и учењето. Со настава која се одвива целосно на англиски јазик, со современи студиски програми кои им овозможуваат на студентите безброј можности да започнат кариера веднаш по дипломирањето, меѓународно образовно опкружување со студенти од околу 20 земји, со кампус од светска класа во Скопје и што е најважно, со можност за добивање стипендии до 100%, МБУ вистински нуди извонредни можности. Најдобар доказ дека сé повеќе млади ги препознаваат сите предности кои тој ги нуди е фактот дека, според податоците на Државниот завод за статистика за академската 2020/2021 година, МБУ денес е најголем приватен универзитет во земјата, односно има најмногу студенти во споредба со другите приватни универзитети во државата.

Нивото и квалитетот на образовниот процес што ги нуди Универзитет се зголемува со програмите и договорите за студентска мобилност, односно можност за размена преку договори што МБУ ги има со над 150 универзитети во 40-тина земји од Европа и светот, преку европската мрежа за студентска мобилност Еразмус+. Создавањето интернационален кадар кој, според досегашното искуство, успешно се соочува со предизвиците на глобалните компании, е резултат и на силната и блиска соработка што Универзитетот ја има со компании од земјава и странство каде секојдневно се нуди квалификуваниот кадар произлезен од МБУ, подготвен да се соочи со секој работен предизвик.

Со цел на младите талентирани и квалитетни средношколци да им понуди можност да станат дел од Меѓународниот балкански универзитет, истовремено како општествено одговорнависокообразовна институција целосно посветена на поддршката на образованието и науката во Република Северна Македонија и балканскиот регион, Универзитетот секоја година обезбедува стипендии кои во изминатите 15 години, колку што постои МБУ, ги искористија над 1500 средношколци. Од минатата година основен услов за добивање стипендија е остварениот успех во средното образование, а само лани  беа доделени над 300 стипендии на успешни средношколци.

Програмата за стипендирање овозможува добивање целосна стипендија за оние средношколци кои се прогласени за најдобри во генерацијата, а 80% стипендија важи за оние со среден успех 5.00 и за нив трошоците по семестар ќе изнесуваат 200 евра. За учениците со успех од 4.50 до 4.99 е предвидена стипендија од 70%, односно семестарот ќе ги чини 300 евра, а за оние со успех меѓу 4.00 и 4.99 стипендијата е 60%, односно школарината по семестар е 400 евра. Стипендија во висина од 50% и плаќање школарина од 500 евра по семестар можат да добијат средношколци со среден успех од 3.00 до 3.99.

Програмата за стипендии на МБУ за академската година 2021/2022 се однесува за идни студенти од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Добиената стипендија важи и за Подготвителната програма за англиски јазик за кандидатите кои немаат потребно владеење на англискиот јазик.

Идните студенти можат да аплицираат за стипендии за седум факултети со 18 програми за додипломски студии во различни области, како што се компјутерско инженерство, архитектура, психологија, банкарство и финансии, графички дизајн, односи со јавност и маркетинг комуникации, јазици и други.

Аплицирањето за стипендии е во тек и ќе трае до 30 септември, односно до пополнување на предвидените квоти за студенти. Сите заинтересирани идни студенти можат да аплицираат онлајн на https://www.ibu.edu.mk/scholarships/

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ