23 Април, 2024
0.0274

НАЈНОВА ХИПОТЕКАРНА КРИЗА? Кинескиот „гигант“ ги гуши банките, сe повторно почнува од недвижнините

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Кинеската компанија за развој на недвижности „Евергранде груп“, која пропаѓа, може да ги загрози помалите кинески банки ако веќе не може да ги исполни своите финансиски обврски, а други сектори во економијата, исто така, може да бидат засегнати, предупреди „Фич“.

Евергранде се обидува да обезбеди пари за да ги исполни своите обврски кон голем број заемодавачи и добавувачи, а регулаторите предупредија дека нејзините обврски од 305 милијарди долари може да претставуваат поголем ризик за кинескиот финансиски систем, доколку не се стабилизира.

На 7 септември, Фич го намали кредитниот рејтинг на групацијата Евергранд од „CCC +“ на „CC“, сигнализирајќи дека компанијата најверојатно нема да може целосно да ги исполни своите финансиски обврски.

Долговите на Евергранд кон банките и другите финансиски институции изнесуваат 572 милијарди јуани (88,8 милијарди долари), но банките исто така може индиректно да бидат изложени на долговите на компанијата за недвижности кон добавувачите на стоки и услуги, кои достигнуваат 667 милијарди јуани, посочува Фич.

„Веруваме дека неспособноста (Евергранде) да ги исполни обврските ќе ја зајакне поларизацијата на кредитот кај градежниците и може негативно да влијае на некои помали банки“, рече агенцијата во вторникот.

„Помалите банки со поголема изложеност кон Евергранд или други ранливи компании за развој на недвижности би можеле да се соочат со значително зголемување на лошите заеми, во зависност од тоа како се развиваат кредитните случаи со Евергранде“, велат од агенцијата.

Тие, исто така, предупредуваат дека многу сектори би можеле да бидат изложени на зголемен кредитен ризик, иако целокупното влијание врз банкарскиот сектор треба да се држи под контрола, пишува Seebiz.

Тие потсетуваат дека неодамнешната проверка на отпорноста на банките кон неповолните услови на бизнисот покажа дека просечниот сооднос на адекватност на капиталот малку ќе се намали само доколку учеството на лошите заеми во вкупните кредити за развој на недвижности се зголеми за 15 основни поени.

Тие проценуваат дека ризикот од значителен притисок врз цените на станбените недвижности, доколку Евергранде не е во можност да ги отплати долговите, ќе биде мал и очекуваат владина интервенција во Пекинг за заштита на интересите на домаќинствата.


Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор