26 Јули, 2021
0.0191

НАЈНОВА СТУДИЈА - луѓето кои прележле ковид не се заштитени на долг рок, вакцината е многу посигурна

Објавено во: Свет 18 Јуни, 2021

Луѓето кои прележале ковид 19 не значи дека ќе бидат заштитени од ново заразување на подолг рок, особено не кога тоа би било предизвикана од нови варијанти на вирусot korona, сугерира студија на здравствени работници, а пренесува Гардијан. .

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд откриле значителни разлики во имунолошкиот одговор на медицинскиот персонал кој прележал ковид, па некои се покажале дека имаат далеку подобар имунитет од другите, шест месеци подоцна откако ја прележале болеста. 

Научниците од студијата, спроведена со Конзорциумот за имунологија на Велика Британија, велат дека наодите ја зајакнуваат важноста секој да се вакцинира, без оглед дали бил заразен со вирусот порано во пандемијата, пишува Гардијан.

„Ако ја погледнете траекторијата на имунолошкиот одговор по инфекцијата, главно, таа може да се открие шест месеци подоцна, но е многу променлива меѓу луѓето“, вели Еленор Барнс, професор по хепатологија и експериментална медицина од Оксфорд и виш автор на студија. 

„Тоа е сосема различно од вакцинацијата. Ако се вакцинирате, добивате навистина робустен имунолошки одговор, но со природна инфекција има многу поголема разновидност во одговорите кај различни луѓе“, вели таа. 

Истражувачите анализирале примероци на крв од 78 здравствени работници кои имале Ковид, со или без симптоми, во периодот од април до јуни минатата година. Крвта се проверувала месечно до шест месеци по инфекцијата за низа имунолошки одговори. Тука се вклучуваат различни видови на антитела насочени кон вирусот, Б клетки кои создаваат антитела и задржуваат меморија на болеста и Т-клетки, кои ја намалуваат сериозноста на болеста со уништување на заразените клетки.

Извор: Гардијан

Можеби ќе ве интересира

За Макрон одбивањето вакцини е себичност и неодговорност

За Макрон одбивањето вакцини е себичност и неодговорност

КАЗНАТА Е САМО 5 ДОЛАРИ: Полицаец во Конго уби студент затоа што не носел маска

КАЗНАТА Е САМО 5 ДОЛАРИ: Полицаец во Конго уби студент затоа што не носел маска

(ВИДЕО) ГОРИ НА САРДИНИЈА: Огнот опколи неколку градови и села

(ВИДЕО) ГОРИ НА САРДИНИЈА: Огнот опколи неколку градови и села

Себастијан Курц даде свое видување за тоа колку време ќе живееме со коронавирусот

Себастијан Курц даде свое видување за тоа колку време ќе живееме со коронавирусот

Водата носеше автомобили во Белгија, нови поплави

Водата носеше автомобили во Белгија, нови поплави

Русија урива рекорди со бројот на починати од корона

Русија урива рекорди со бројот на починати од корона

За пари издавала лажни ковид потврди

За пари издавала лажни ковид потврди

ПРАЗНИ РАФТОВИ, ЗАТВОРЕНИ МАРКЕТИ, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА: Ова им се случува откако ги укинаа ковид мерките

ПРАЗНИ РАФТОВИ, ЗАТВОРЕНИ МАРКЕТИ, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА: Ова им се случува откако ги укинаа ковид мерките

СИБИР ГОРИ: Беснеат над 220 шумски пожари

СИБИР ГОРИ: Беснеат над 220 шумски пожари