НАЈНОВО ОД АСТРАЗЕНЕКА: Го запира тестирањето кај деца и тинејџери
Објавено во: Свет 07 Април, 2021
Универзитетот во
Оксфорд соопшти дека привремено ќе го запре тестирањето на својата вакцина кај
деца и тинејџери, односно кај младата популација на возраст од 6 до 17 години,
пишува The Wall Street Journal. Тестирањето се запира во очекување на
дополнителни информации за ретки проблеми со згрутчување на крвта кај
возрасните кои ја примиле .
Педијатриското испитување предводено од Оксфорд започна во средината на февруари и има за цел тестирање на вакцината кај повеќе од 200 млади луѓе на возраст од 6 до 17 години. Портпаролот на Оксфорд изјави дека не се појавиле никакви безбедносни проблеми при самото испитување, но пошироката загриженост за ретки проблеми со згрутчување кај возрасните предизвика дополнителни регулаторни контроли во Велика Британија и Европа за да се испита каква било потенцијална врска со вакцината.
Оксфорд чека повеќе информации од Агенцијата за лекови на Велика Британија, пред да продолжи со тестирањето врз деца и тинејџери. Во меѓувреме, Европската агенција за лекови (ЕМА), во текот на неделава треба да се произнесе дали ќе се продолжи со вакцинацијата со АстраЗенека.