НАЈСРЕЌЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Зошто треба да го посетите?
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2019
Главниот град на Данска, Копенхаген е еден од најзелените градови на светот, а освен тоа тука се и Лего коцките и богатата историја. Ова се само дел од причините поради кои Данците се најсреќните луѓе на светот.
Повеќе од половина од вкупната популација на градот се вози со велосипед на работа, а тие се натпреваруваат со автомобилите, не само по бројот туку и по брзината.
Оваа престолнина планира до 2025 година да биде потполно ослободена од сите емисии на јаглерод диоксид.
Тиволи е вториот најстар забавен парк на светот кој дефинитивно ќе го израдува секој посетител.
Данците не погрешиле во одлуката да ја задржат сопствената валута – данската круна и да го одбијат еврото.