23 Април, 2024
0.0545

Најуспешниот грчки фудбалски клуб доби тригодишна суспензија

Објавено во: Стил 25 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Најстариот грчки фудбалски клуб и воедно најуспешен на интернационална сцена од таа земја, Панатинаикос, нема да може три години да настапува во европските натпреварувања, откако е суспендиран од УЕФА:

Грчкиот клуб во декември доби ултиматум од УЕФА да ги плати долговите до 1.март. Откако не успеаја да го направат тоа, сега европската куќа на фудбалот им изрече тригодишна суспензија и казна од 100.000 евра.

Панатенаикос е грчкиот клуб со најголеми успеси во европските натпреварувања. Во 1971 играа во финалето на Европскиот куп, а во 1985 и 1996 беа во полуфиналето на истото натпреварување.

Оваа сезона беа елиминирани во плејоф рундата од Лига Европа. 

Во моментов се на седмата позиција во грчкото првенство и нејасно е како ќе продолжат понатаму со долговите кои од ден на ден стануваат се поголеми.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган