12 Јули, 2020
0.0647

Најважни прописи кои од денес се активни во Македонија: Што се менува од 1 јануари 2020?

Објавено во: Економија 01 Јануари, 2020

Од денеска (1 јануари 2020) расте стапката на придонеси која ќе треба да ја плаќаат работодавачите за своите работници. За пензиско осигурување ќе се уплаќа 18,8 насто од бруто платата, a за здравствено 7,5 отсто, што е за 1 процентен поен повеќе од 2018. Оваа реформа што власта ја започна минатата година треба да ги стабилизира фондовите на долг рок, но ги прави работниците поскапи и ги зголемува трошоците на работовачите. Фондот за пензиско осигурување и Министерството за труд и социјална политика очекуваат стотина милиони евра повеќе низ текот на годината.

За да се смени состојбата со возниот парк во земјата, а во насока на намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина, од денеска стапуваат на сила законската измена за данок на моторни возила, кој има цел да го намали и обесхрабри купувањето возила што не се енергетски ефикасни и кои ја загадуваат животната средина, без притоа да се загрози добросостојбата на граѓаните од социјален и економски аспект. Според новата Методологија, еколошките возила, кои се и технолошки понови, добиваат бенефит во рамките на даночењето наспроти возилата со иста вредност, а кои се технолошки постари и се со повисоки износи на емисија на јаглероден диоксид. Со ова еколошките возила со пониска стапка на емисија на CO2 стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние што имаат повисок степен на загадување со CO2.

Од први јануари со стапувањето на сила на новиот Закон за акциза предвидено е воведување на ред и во производството на ракија во домашни услови. Граѓаните кои произведуваат над 200 литри, но не повеќе од 2.000 литри, ќе треба да се регистрираат, а Агенцијата за храна и ветеринарство ќе треба да ја провери. Со новиот закон за акцизи кој стапува во сила од први јануари се предвидува озаконување на производството и продажбата на домашна ракија. 

Со новиот Закон за тутун и тутунски производи и новиот Закон за акцизи за прв пат се регулира и овозможува легално производство и продажба на електронски цигари, како и производи од несогорлив тутун. Од денес на сила стапува воведувањето на нови тутунски производи кои ќе подлежат на акциза (тутун за водено луле (тутун за наргиле), тутун за џвакање, тутун за шмркање, несогорлив тутунски производ и течност за полнење на електронска цигара) во контекст на усогласување со Предлог – законот за тутун, тутунски и сродни производи и европските директиви.

Од први јануари ќе се применуваат измените на Законот за данок на личен доход со кои се става во мирување примената на прогресивниот данок на личен доход. Следните 36 месеци доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти. Во мирување ќе биде ставена и стапката од 15 проценти, што значи дека стапка од 10 проценти ќе се применува и за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход, соопшти Министерството за финансии.

Од први јануари се зголемува и прагот за ДДВ обврзник од еден милион денари на два милиони денари. Со измените во Законот за данок на додадена вредност се менува и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот се скратува на три години од тековните пет години. Со тоа сите правни и физички лица кои во 2019 година не го надминале новопоставениот праг, ќе може доброволно да се дерегистрираат од системот. 

Од првиот ден од новата година ослободени од царина ќе бидат малите пратки кои ги нарачуваме од странство до 90 евра. Со донесени измени на Уредбата, се зголемува прагот на ослободување од досегашните 45 евра. Зголемувањето на прагот е во насока на зголемување на обемот на е-трговија во земјава.

Над 32 илјади вработени во образованието и науката од 1 јануари добиваат повисоки плати за 10 проценти.  Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува ќе изнесува 15.500 денари. Со дополнителните усогласувања до крајот на годината ќе стигне од 860 до 900 денари.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НАВАЛЕТЕ НА ЗЕЛЕНА НАФТА - тие што имаат картички од лани ќе точат веќе од понеделник

НАВАЛЕТЕ НА ЗЕЛЕНА НАФТА - тие што имаат картички од лани ќе точат веќе од понеделник

Даноците нема да се менуваат, правичен данок е можен само по долга дискусија

Даноците нема да се менуваат, правичен данок е можен само по долга дискусија

Безмалку 4 милиони евра дале Скопјани за „вечен живот“ минатата година

Безмалку 4 милиони евра дале Скопјани за „вечен живот“ минатата година

МАЛА ПОНУДА НА НАФТА: Во светот вакво нешто немало една деценија

МАЛА ПОНУДА НА НАФТА: Во светот вакво нешто немало една деценија

Ангеловска: Над 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10.7 милиони евра

Ангеловска: Над 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10.7 милиони евра

Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија повикува компаниите да не бидат вклучени во предизборната реторика

Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија повикува компаниите да не бидат вклучени во предизборната реторика

Кои се најуспешните компании во Кавадарци?

Кои се најуспешните компании во Кавадарци?

МАСОВНО КУПУВААТ ИМОТИ: Словенците го „окупираа“ хрватското крајбрежје

МАСОВНО КУПУВААТ ИМОТИ: Словенците го „окупираа“ хрватското крајбрежје

Еве каде можете да ги искористите ваучерите за туризам

Еве каде можете да ги искористите ваучерите за туризам