Највисокиот грчки суд ги одби жалбите за задолжителна вакцинација
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2021
Грчкиот Државен совет како највисока правосудна инстанца во Грција на пленарна седница денеска одлучи дека задолжителната вакцинација против Ковид-19 е уставна и во согласност со законските одредби.
Што се однесува до медицинскиот персонал, се смета дека вакцинацијата е уставна обврска за да се покаже социјална солидарност.
Пленарната седница на Државниот совет ги одби сите барања за поништување на релевантните министерски решенија за задолжителна вакцинација на вработените, како што се пожарникарите, лекарите, медицинските сестри, Службата за брза помош за итни случаи (ЕКАВ), Националната федерација на персоналот во јавните болници. (ПОЕДИН) и други.