29 Март, 2024
0.0252

Намалувањето на штетите е концепт за подобра иднина

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

„Осудата на општеството може да го доведе поединецот до ситуација одеднаш да престане да користи одредени штетни работи, што автоматски ќе предизвика инхибиција на активностите. Таквото инхибирано однесување мора некаде да се испразни, а многу често ослободувањето доаѓа преку дејствија штетни за општеството“, рече д-р Имани Кендили, психијатар и потпретседател на Африканскиот центар за здравствени истражувања, на отворањето на панелот Размена на мислења за концептот на намалување на штети. Како пример, докторката посочува прекумерната употреба на интернет или шеќер и не препорачува ненадеен прекин на употребата, туку дека со примена на концептот за намалување на штети треба да се најде адекватна помалку штетна алтернатива.

Концептот за намалување на штети е најдоброто решение за откажување од пушење

Познатиот француски онколог, д-р Давид Кајат, професор на Универзитетот Пјер и Марија Кири, во својата презентација ја зеде како пример примената на концептот за намалување на штетите од пушењето. „Во Франција за многу кратко време влијаевме на намалување на бројот на пушачи за еден ипол милион луѓе. Но, тогаш видовме огромен проблем. Овие луѓе повторно се вратија на пушењето. Тогаш си го поставивме прашањето - зошто? После тоа бевме сигурни само во едно - ригорозните мерки нема да ги принудат луѓето да ги менуваат секојдневните навики. „Забраната не ги принуди граѓаните на САД да се откажат од алкохолот во 1920-тите и 1930-тите, па како да ги принудиме луѓето да се откажат од цигарите?“, продолжува тој.

Професорот Кајат истакна дека единствениот пристап кој може да доведе до целосно откажување од пушењето е концептот на намалување на штети. Тој објасни дека со напредокот на технологијата и науката е постигнато решение во тутунските производи со несогорлив тутун.

„Значи, ако не можете да се откажете од цигарите, а тоа е најдобриот можен избор што можете да го направите, тогаш најдете нешто што за почеток ќе ја намали штетата - применете го концептот за намалување на штета“, додаде тој. Професорот научно го објаснува ова мислење: „Проблемот со тутунските производи се хемиските материи кои се наоѓаат во чадот што се ослободува со согорувањето, додека технологијата на загревање на тутунот е помалку штетна алтернатива бидејќи не испушта тутунски чад“.

„ФДА го прогласи IQOS за производ со модифициран ризик“

Претседателот на Африканската медицинска унија, д-р Коси Летлапи ја објасни научната основа на концептот за намалување на штети: „ФДА го прогласи IQOS за производ со модифициран ризик и тоа е неверојатен чекор. Научната вредност на овој производ е оправдана и е потврдена од експерти кои одлучуваат за квалитетот на производот. Многу е важно на сите да им се овозможи целосен и непоколеблив пристап до овие информации, бидејќи така ќе се стекне знаење, а знаењето е моќ!“ Др. Кендли додаде дека при спроведувањето и информирањето за концептот за намалување на штети, потребна е поддршка од сите чинители, пред сѐ државата, невладините организации, но и на деловниот свет.


Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV