НАПАД ГО ПОТРЕСЕ ПАРИЗ: Викал „Алаху Акбар“ и отсекол глава на наставник
Објавено во: Свет 16 Октомври, 2020
Терористички напад се случи вечерва во Париз.
Полицијата застрела маж кој со нож нападнал минувач во близина на Париз и му ја отсекол главата.
Францускиот антитерористички обвинител изјави дека го истражува нападот кој се случил во населбата Конфлан Сент-Онорин, предградие северозападно од Париз.
Друг полициски извор вели дека сведоци го случнале напаѓачот како вика „Алаху Акбар“ или „Господ е голем“.
Жртвата бил наставник во училиште во близина.