НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Со нож избодени четири лица
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2019
Маж со нож нападна минувачи во францускиот град Марсеј, при што четворица се повредени.
Нападот се случил во близина на полициска станица. Мажот е застрелан од полицијата, откако почнал да пука со пиштол кон полицајците.
Минувачите, кои се избодени, примиле медицинска помош на самото место на нападот.
При пукање меѓу напаѓачот и полицијата, една жена е повредена во ногата.