НАПАД ВО ВИЕНА: Маж со нож бодеше луѓе
Објавено во: Свет 08 Март, 2018
Неколку луѓе се повредени синоќа во напад со нож на улиците во Виена, јавија австриските медиуми.
Портпаролот на полицијата информираше дека три лица се сериозно повредени и дека полицијата трага по напаѓачот.
Маж со нож ги бодел пешаците кај Пратер парк.
Локацијата брзо била затворена по нападот.
Мотивот за нападот не е познат.