24 Април, 2024
0.0266

Нападите го натераа Макрон да распореди повеќе војници на улиците

Објавено во: Свет 29 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Емануел Макрон го зголемува бројот на припадниците на војската во антиреростичката операција „Sentinelle“, првенствено поради утринскиот напад во Ница. 

Истакна дека како дел од антитерористичката операција „Sentinelle“ бројот на француските војнции кои ќе бидат испратени на улиците ќе се движи меѓу три или седум илјади.

„Одлучив дека следните часови ќе бидат мобилизирани дополнителни војници“, потврди Макрон.

Премиерот Жан Кастекс, изјави дека ширум цела земјата планот на борбата против тероризмот „Vigipirate“ е воведен во највисокот можно ниво.

Рано утрото во четвртокот млад маж за кој истрагата тврди дека станува збор за 21-годишен мигрант од Тунис, вооружен со нож уби три лица во базиликата Нотр Дам во центарот на Ница. Напаѓачот е застрелан и пренесен во болница.

Само два часа по нападот по Ница, друг напаѓач им се заканувал со нож на минувачи во место близу Авињон, и бил смртно застрелан додека се обидувал да ја нападне полициската патрола која била повикана да интервенира. Според некои медиуми, овој напад може да не е поврзан со екстремниот исламизам, и оти можеби станува збор за лице кое патело од психичко растројство.

Во Лион на станица е уапсен 26-годишен маж кој од претходно им бил познат на безбедносните органи и разузнавачките служби во врска со екстремната исламистичка сцена во Франција. Тој бил облечен во џелаба (исламска машка облека) и воена јакна и мафтал со нож. По неколку повици полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила лицето дидека се обидувало да влезе во полн трамвај. Се работи за авганистански државјанин роден 1994 година, познат на разузнавачките служби по радикален исламизам.

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе