Нападнати нафтени танкери, екипажот е спасен
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2019
Спасен е екипажот од двата нафтени танкери кај Оманскиот Залив.
Според соопштението, 44 членови на екипажот се безбедно евакуирани од страна на Иран.
Овие два нафтени танкери наводно се нападнати и ги зафатил пожар во Оманскиот Залив. Ова се случува по еден месец откако беа нападнати четири танкери во близина на Обединетите Арапски Емирати со што се зголемија тензиите меѓу Техеран и Вашингтон и американските сојузници во Персискиот Залив.
Деталите за инцидентите сè уште се нејасни, но се знае дека танкерите испратиле сигнали за неволја до пристаништата и бродовите во близина. Иранските спасувачи први стигнале до нив.
Американска Петтата флота денеска соопшти дека нејзини бродови во реонот на Блискиот Исток добиле сигнали за инциднети на два танкера за нафта.