25 Април, 2024
0.0274

Нападот на танкерите ја вивна цената на нафтата

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата скокнаа за четири отсто по нападот врз танкерите.

Цените денеска на меѓународните пазари скокнаа за четири отсто поради стравувањата по нападот врз два танкера во Оманскиот залив во близина на иранските води и Омуршкиот теснец. Тој е важен пат за светските испораки на нафтата.

На лондонскиот пазар цената на барелот скокна за 1,91 долар или за 3,18 отсто во однос на затворањето на претходниот трговски ден, откако во четвртокот во еден момент скокна дури за 4,45 отсто, на 62,64 долари. На американскиот пазар барелот беше во плус од 1,42 отсто или за 2,78 отсто, на 52,56 отсто, откако накусо скокнал 3,85 отсто, на 53,11 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) утрово објави дека цената на барелот на нејзината референтна кошница нафта на нејзините членки, во средата изнесувала 61,91 долар и била 1,55 долари пониска во однос на претходниот трговски ден.

Танкерите „Front Altair“ под знаме на Маршаловите острови кој превезувал нафта, и „Kokuka Courageous“ под панамско знаме кој превезувал метанол, се евакуирани, а екипажите спасени. Изнајмувачот на „Front Altair“ се сомневал дека танкерот е погоден со торпедо, додека од другиот танкер соопштија дека се сомневаат во напад во кој имало оштетувања на бродот, но товарот останал неоштетен. Инцидентот следеше по минатомесечните напади врз бродови во близина на емиратот Фуџајра, каде се наоѓа еден од најголемите светски јазли за товар на нафтата.

Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст