Нападот во Санкт Петербург е финансиран од Турција?
Објавено во: Свет 20 Април, 2017
Акрам Асимов добивал лично од Турција финансиски средства за извршување на терористичкиот чин.
Финансирањето на организацијата на нападот во метрото на Санкт Петербург е дојдено од Турција од членови на меѓународна терористичка група.
Ова го соопшти московската судијка, Елена Ленска кој објасни зошто е издадена наредба за апсење на Акрам Асимов, десеттиот осомничен за овој терористичкиот акт.
„Според материјалите за случајот, Акрам Асимов добивал лично од Турција финансиски средства за извршување на терористичкиот чин. Тој координирал и создавање на лажни документи за членовите на криминалната група и за непречено преминување на границата“ - посочи Ленска.
Асимов ги добил парите за извршување на терористичкиот чин и ги предал на изведувачот Акбарџон Џалилов кој е етнички Узбекистанец, но државјанин на Киргистан.
При нападот на 3 април во метрото на Санкт Петербург загинаа 15 лица, вклучувајќи го и бомбашот, а беа повредени вкупно 87 лица.