29 Март, 2024
0.0272

НАПАДОТ ВРЗ БИСЛИМОВСКИ Е НАПАД ВРЗ ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА - ќе има ли санкции за синот на Муса Џафери

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Физичкиот напад врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој вчера се случи во центарот на главниот град во земјава, не е напад само врз него како личност, туку практично е напад врз институциите на државата, односно врз самата држава.

Нападот го изврши синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери, Аријант Џафери, кој е еден од сопствениците на компанијата У повер, за која, пак, неодамна, токму РКЕ, која е регулатор на пазарот со енергенси, ја почнса постапката за одземање на лиценцата за работа, бидејќи не ги исполнувала договорите кон потрошувачите, со кои имала склучено договори за снабдување со електрична енергија. 

Фактор веќе извести за овој напад, за кој осамна и видео на социјалните мрежи. 

Веќе се појавија и бројни реакции во јавноста за овој немил настан. 

Самата Регулаторна комисија за енергетика информира дека нејзиниот претседател Бислимовски се чувствува добро, и дека и после овој напад, ќе продолжи да работи во интерес на заштита на потрошувачите и одржување на стабилен електроенергетски систем во земјава.

Портпаролката на РКЕ Марина Узунов вели дека оваа институција и понатаму ќе продолжи да се раководи по словото на законот. Обидите некој да ги решава проблемите со физичка сила, нема да ги поколебаат.

Сакам да ја информирам јавноста дека како и досега, така и отсега РКЕ ќе продолжи да работи транспарентно, согласно законот, затоа што основен постулат во нашето делување е заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност и стабилност во електро-енергетскиот систем. Единствено по што се водиме е словото на закoнот, така и ќе продолжиме да ги водиме постпките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила“, Соопшти Узунов во врска со овој настан.

Нагласи дека претседателот на РКЕ Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции.

За случајот се огласи во јавноста и вицепремиерот за борба против корупцијата во земјава, Љупчо Николовски. 

Тој на својот официјален фејсбук профил напиша дека го осудува синоќешниот напад врз претседателот на РКЕ, нагласувајќи дека веќе се постапува по случајот.

„Ова е правна држава каде институциите постапуваат еднакво за сите, пред законите сме сите еднакви, а несогласувањата може да се решаваат единствено преку процедурите и институциите на системот“, дециден е Николовски.

За настанот се огласи и професорот Трајко Славески од високото раководство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Добро утро г-дине Бислимовски. Се надевам дека сте добар и покрај непријатностите на кои сте изложени. Ова е моето мислење за случката кое го споделувам утрово: Ова со нападот врз Бислимовски е страшно! Тој претставува независно регулаторно тело. На овие органи западњаците се посебно сензитивни. Доколку денес синот на Муса не биде повикан во полиција, ќе се потврди тезата дека ние всушност не сме држава, туку територија на која владеат банди, или т.н. Warlords. Мора ова денес да го дигнеме на највисоко ниво. Да го прашаме Заев што му е подраго - коалицијата со ДУИ или државата?“, е ставот на професорот Трајко Славески за ова прашање.

Со оглед што Аријант е син на Муса Џафери, кој порано беше вицепремиер во Владата од редовите на ДУИ, а сега е исто така значајна личност во владејачката партија ДУИ, останува да видиме колку до крај ќе се истера постапката за негово санкционирање. 

Исто така, интересно е да се види како ова ќе се одрази врз односите на коалиционите партнери во власта.  

Инаку, утрово претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Фактор потврди дека бил физички нападнат од сопствениците на компанијат „У повер“. 

Од МВР за Фактор потврдуваат дека „на 05.10.2021 во 23.54 часот во СВР Скопје М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението од МВР.

А за нападот, заедно со видео од нападот, објави фејсбук страницата Аеродромци. 

Тие тврдат дека нападот е извршен од Аријант Џафери, син на екс вицепремиерот Муса Џафери и еден од сопствениците на У повер.

Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец. Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот“, беше објавено на фејсбук страницата Аеродромци.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата