Напаѓач избоде свештеник за време на миса
Објавено во: Свет 22 Март, 2019
Маж избоде свештеник на утринската маса во капелата „Свети Јосиф“ во Монтреал, Канада. Тој е однесен во болница, а осомничениот напаѓач е уапсен, пренесува РТ.
Отец Клод се здобил со полесни повреди на горниот дел од телото.
„Осомничениот го нападнал отец Клод Гру со остар предмет од задниот дел на црквата и го повредил“, изјави Селин Барбо, директор на комуникации на капелата.
Полицијата е повикана на местото на настанот околу 8:40 часот. До моментот кога тие пристигнале, напаѓачот веќе е задржан од обезбедувањето во капелата, вели Каролин Шеверфил, портпарол на полициските сили во Монтреал.
По нападот во Нов Зеланд каде во две џамии беа убиени 50 муслимани, Исламска држава се закани со крвопролевање.