28 Март, 2024
0.0247

Напаѓачот од Нов Зеланд планирал и трет напад

Објавено во: Свет 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Напаѓачот од Нов Зеланд планирал и трет напад, соопшти полицијата.

Брентон Тарант, бил на пат кон трета цел кога го уапсија полицајците, изјави полицискиот комесар Мајк Буш денеска на прес-конференција. Тој вели дека полицајците спасија животи. 

„Силно веруваме дека го запревме на пат кон друг напад“, рече тој. 

Комесарот изјави дека осомничениот заминал кон третата локација за да провери дали има експлозивни направи. Буш не објасни дали третата локација била џамија или нешто друго, но рече дека се наоѓа во регионот на Крајстчрч.

„Апсолутно веруваме дека знаеме каде одеше“, рече комесарот.

Тарант во петокот уби 50 луѓе кои се молеа две џамии, оддалечени една од друга околу 5 километри. Буш додаде и дека полицијата пристигнала на местото на нападот за пет минути. Дваесет и една од жртвите се идентификувани, а се работи на тоа што побрзо да се идентификуваат и другите. 

Првите погреби на жртвите беа одржани вчера. Погребени беа 44-годишниот Халед Мустафа и неговиот 15-годишен син Хамза. Од листата на жртвите која е објавена во неделата се гледа дека жртвите имале од 3 до 77 години.

Тарант крвавиот поход го почна со две полуавтоматски пушки и две сачмарки. За сето оружје имал валидна дозвола која ја добил во 2017 година. 

Можеби ќе ве интересира

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток