14 Јуни, 2021
0.0187

НАПНАТО НА БРДО БРИОНИ: Вучиќ до Османи - обидете се да постигнете договор, а заканите со тужби се како да плашите мечка со мува

Објавено во: Балкан 17 Мај, 2021

Вербален конфликт меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Вјоса Османи, претседателката на Косово, го одбележа првиот пленарен состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамките на процесот Брдо-Бриони, што се одржува денес на Брдо кај Крањ, пренесува Блиц.рс.

„Обидете се да постигнете договор, компромис, а тоа што ќе се заканувате со тужби, тоа значи - паднала мува на мечка, што би рекол нашиот народ“, ова, како што открива извор на „Блиц“, и го рекол Вучиќ на Османи за време на напнатиот дијалог.

Османи прво протестирала затоа што во заедничкиот документ, кој треба да биде усвоен, не се споменува поимот држави, а потоа ја обвини Србија за „уништување на независноста на Косово“ со идеја за промена на границите.

Вучиќ одговори дека Србија „не се согласува да ве нарекуваме земји - еве јас да ви кажам, ако другите се срамат да ви кажат“.

„Што се однесува до промената на границите, вие ги променивте со одвојување делови од територијата на суверена држава. Не бевте примени ниту во ООН. Ние баравме да нема промена на границите, но тоа важи за оние земји што се легално и меѓународно признати. И не може да важи принципот дека кога Србија се ели, тогаш да може, а кога ќе праша некој друг, тогаш да не може“, одговори Вучиќ.

Османи повторно ја обвини Србија за геноцид врз косовските Албанци за време на конфликтот во Косово и ширење на „малигни влијанија на Косово“, а потоа побара да се започне процесот на исчезнати лица. Вучиќ одговори дека „не смееме ниту да кажеме колку српски семејства бараат правда“.

Вучиќ ја обвини Вјоса Османи дека испратила порака за правда и геноцид дека не сака компромис и дијалог, бидејќи се надева дека Белград ќе се плаши од закани.

„Па, нема да има ништо од тоа. Малигни влијанија, а тоа е првиот збор што ќе го научите на англиски јазик, имаат оние што сакаа да ги уништат суверените држави. Обидете се да постигнете договор, компромис и фактот дека ќе и се заканувате на мечка со судски процеси, што би се рекло кај нашиот народ“, рече Вучиќ.

На состанокот зад затворени врати присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, албанскиот претседател Илир Мета, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, членовите на претседателството на БиХ, Милорад Додик, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката н Косово, Вјоса Османи.

Извор: Блиц

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА ЕКС КОМАНДАНТОТ НАЈАВИ: Ќе бараме Ратко Младиќ да оди на лекување

СИНОТ НА ЕКС КОМАНДАНТОТ НАЈАВИ: Ќе бараме Ратко Младиќ да оди на лекување

Бојко Борисов: Со Заев се обидуваме работите да одат од дното нагоре

Бојко Борисов: Со Заев се обидуваме работите да одат од дното нагоре

КАТАКЛИЗМИЧНИ ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Загина човек во Солун, силниот порој го однел неговиот автомобил

КАТАКЛИЗМИЧНИ ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Загина човек во Солун, силниот порој го однел неговиот автомобил

МАКЕДОНЕЦ НА ЧЕЛО НА АЕРОДРОМОТ ВО ЦРНА ГОРА: Горан Јандреоски е избран за нов извршен директор

МАКЕДОНЕЦ НА ЧЕЛО НА АЕРОДРОМОТ ВО ЦРНА ГОРА: Горан Јандреоски е избран за нов извршен директор

КУЌИ НА ПРОДАЖБА ЗА ЕДНА КУНА: Хит понуда во Хрватска, еве ги условите за купување

КУЌИ НА ПРОДАЖБА ЗА ЕДНА КУНА: Хит понуда во Хрватска, еве ги условите за купување

СЛОВЕНИЈА ВО ПОРТОКАЛОВАТА ЗОНА: Премиерот Јанша најави набрзо крај на епидемијата на Ковид

СЛОВЕНИЈА ВО ПОРТОКАЛОВАТА ЗОНА: Премиерот Јанша најави набрзо крај на епидемијата на Ковид

ПОЗНАТА ЛОКАЦИЈАТА ВО СРБИЈА КАДЕ ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА СИНОФАРМ: Месечно производство од два милиони вакцини

ПОЗНАТА ЛОКАЦИЈАТА ВО СРБИЈА КАДЕ ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА СИНОФАРМ: Месечно производство од два милиони вакцини

ОПАСНОСТ ОД АЈКУЛИ НА ЈАДРАН ВО ХРВАТСКА? Забележани во плитките води на Корчула

ОПАСНОСТ ОД АЈКУЛИ НА ЈАДРАН ВО ХРВАТСКА? Забележани во плитките води на Корчула

ДЕЦАТА ВО СРБИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА ПРИМААТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД: Србија ја одобри Фајзер за младите од 12 до 15 години

ДЕЦАТА ВО СРБИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА ПРИМААТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД: Србија ја одобри Фајзер за младите од 12 до 15 години