24 Април, 2024
0.0294

НАПНАТО ВО СОБРАНИЕ: Почнаа, се препупкаа за Законот за ЈО и отидоа на пауза

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Напнато почна собраниската седница на која прва точка на дневен ред е Законот за јавно обвинителство кој периодов е сопка на препирања меѓу власта и опозицијата.

Немаше половина час како траеше сеницата со неколку процедурални обраќања на координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски и координаторот на СДСМ Јован Митревски.

На барање на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Мицевски побара пауза од еден час откако претходно ја повика министерката за правда Рената Дескоска да го образложи пред јавноста законот за јавно обвинителство кој се носи по скратена постапка.

Пред да почне седницата, реагираше независната пратеничка Емилија Александрова која бараше пауза од 15 минути за собранискиот спикер Талат Џафери да им објасни зошто тие не се повикани на координација и да им даде информации за текот и исходот од истата.

Џафери на тоа и одговори дека не ги дели пратениците по никој основ и дека тоа не биле координации меѓу партиите туку координации кои се одржуваат секојдневно за решавање на дилеми меѓу пратениците кои ги имаат.

Јован Митревски од СДСМ беше со став дека законите мора да се донесат пред да се распушти Собранието и рече дека ако треба ќе работат и 24 часа но тие мора да поминат пред распуштање, додека пак Мицевски им кажа на пратениците на СДСМ дека сакаат да ги протуркаат законите за кои на средбата кај претседателот Пендаровски кога ги договориле изборите немало услови за тие да мора да се донесат пред распуштање на Парламентот.

Мицевски целата одговорност ја лоцираше кај власта и кажа дека СДСМ се плаши да излезе на избори.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката