Направено е првото безбојно кафе во светот
Објавено во: Стил 20 Април, 2017
Браќата Давид и Адам Наги од Словачка го направија првото безбојно кафе во светот.
Кафето го нарекоа CRL CFF. Целта им било овој напиток да не остава траги на забите.
На изглед ова кафе личи како да е вода.
Неколку месеци браќата работеле на овој напиток, а за него велат дека нема засладувачи и конзерванси.
На крајот не треба да се додава ниту вода, ниту млеко. Едно шише има 100 милиграми кофеин, а чини 5.99 фунти.