29 Март, 2024
0.0255

Направете ги овие 9 работи пред 9 часот и ќе имате прекрасен ден

Објавено во: Стил 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Некои луѓе ги мразат утрата, други ги обожаваат. Без оглед на кој тип сте, можете да ги направите вашите утрински часови поудобни и продуктивни со неколку мали промени.

Непосредно пред 9 часот, обидете се да ги направите овие 9 работи препорачани од Бизнис Insider. Ќе ви одземат само неколку минути, но ќе се чувствувате опуштено и подготвени да се сретнете со се што ќе ви донесе работниот ден.

1. Дозволете си краток тренинг или излезете на брза прошетка околу вашиот дом. Ова ќе ја зголеми вашата енергија.

2. Пијте вода. На вашето тело му треба хидратација по спиење во ноќта.

3. Прочитајте книга или весник. Истражувањата покажаа дека читањето го намалува стресот. Така ќего  започнете вашиот ден опуштено.

4. Напишете на лист три пријатни, убави работи што ќе ви се случат денес. Тие може да бидат доста едноставни - на пример, "ќе ја добијам мојата омилена храна напладне", но напишете нешто кое што можете да го очекувате.

5. Пијте го вашиот омилен топол пијалок - кафе, чај, какао.

6. Завршете мала задача која инаку ќе ве прогонува навечер - измијте ги садовите наместо да ги оставите некое време, да го соберете креветот и така натаму.

7. Медитирајте неколку минути. Тоа ќе ви помогне да останете фокусирани цел ден.

8. Планирајте ги вашите задачи и цели за тој ден.

9. Разговарајте со некој близок, дури и за само неколку минути. Ќе го подобрите вашето расположение.