25 Април, 2024
0.0321

Напредување или транзиција

Објавено во: Економија 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Завршија уписите во средните училишта и сите сме во исчекување на резултатите дали бројката за упис на учениците за одредена квалификација во стручните училишта е постигната. Дали забелешките од Европската комисија дека околу 80% од невработените се долгорочно невработени, како одраз на неусогласеност на вештините и компетенциите ќе допрат до нас и ќе сториме нешто во насока на отстранување на недостатоците кои се јавуваат во стручното и високото образование и ќе ја подобриме атрактивноста на стручното образование и обука?

Во претходниот текст дадовме препораки како тоа да го направиме, но мора сите несебично да работиме на остварување на препораките. Фокусот треба да ни биде ставен на потребите на општеството во целост, но и на потребите на поединецот.

Процентот на запишување на ученици во стручното образование во минатите години изнесува 58% во споредба со општото гимназиско (40%) и уметничкото (2%) образование. Но, многу е важно, од тие 58 % во стручното образование, во кои сектори се запишуваат учениците за стекнување квалификации и дали тие се релевантни на потребите на реалниот сектор. Според податоците на Државниот завод за статистика најголем интерес за упис минатата учебна година имаше за квалификациите во секторот здравство (24%), а веднаш по него следеше секторот економија, право и трговија (22%). Зголемен интерес за упис се покажа во секторите електротехника и машинство што се должеше на заложбите на поголемите компании, како „ЕВН Македонија“, „Костал“, „ОДВ-Електрик“ и „ЛТХ Леарница“ - Охрид и ДММ ,,Дрекслер маер“ - Кавадарци, за дизајнирање на нови квалификации според нивните потреби, зголемениот број на часови по практична обука и подобрување на квалитетот на практичната обука во нивните компании .

Значителен пад на запишување на ученици беше забележан за квалификации во секторот геологија, рударство и металургија за 47,3%, хемија и технологија за 17,2%, сообраќај, транспорт и складирање за 13,7%, текстил, кожа и други производи за 11,4%, иако на пазарот на труд се покажа пораст на вработеноста во овие сектори.

Се очекуваше релативно зголемување на бројот на запишани ученици за квалификации од секторот земјоделие и ветеринарство, имајќи предвид дека нашата земја е претежно земјоделска земја, но сепак податоците укажуваат дека има пад за 21,6%. Исто така, немаше некое зголемување на уписот на ученици во стручните угостителско-туристички училишта, пораст само за 5% повеќе од претходната година, имајќи го предвид порастот на бројот на туристи во нашата земја од 1.294.692 туристи во 2017 година на 1.491.535 туристи во 2018 година, односно пораст од над 15 проценти.

Единствено, покрај зголемување на процентот за упис на ученици во секторите електротехника и машинство, зголемен е уписот и во секторот градежништво и геодезија од 8,1%. Ова очигледно се должи на зголемување на потребата за вработување во овој сектор и зголемување на вкупно просечна исплатена нето-плата од 22.034 ден.

Можеби, ваквата состојба во стручното образование, покрај спорите реформи во образованието, се должи на малата стапка на создавање нови работни места, високиот ризик на неискористеност на вештините, процесот на миграција, неможноста на учениците од помалите населени места да изберат меѓу гимназиско и стручно образование или да изберат стручно училиште според својот интерес поради ограниченост на видовите на стручно училиште во нивното населено место и секако наградувањето на вештините и износот на платите по сектори.

За сега останува да видиме колкава ќе биде бројката на ученици кои се запишале во стручните училишта. Доколку е незадоволителна, ни останува забрзано да работиме на визијата и реформите во образованието.

Во меѓувреме мораме да ги поттикнуваме понудувачите на неформалното образование да дизајнираат програми за обуки кои се пазарно ориентирани и да реализираат обуки за доквалификација и преквалификација на поединци за да ги задоволиме потребите на реалниот сектор.

м-р Наташа Јаневска, самостоен советник 
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?