Напуштил сигурна работа и почнал сопствен бизнис
Објавено во: Економија 19 Април, 2017
Ивица Лукенда(29) од Осијек дал отказ иако имал државна работа, по што почнал сопствен бизнис и отворил угостителски објект во градот.
Со тоа си го остварил својот сон, и ден денес живее од рецептот за пити на мајка му.
„Отсекогаш сакав да се занимавам со приватен бизнис и на крајот собрав храброст. Вложив многу труд“ - вели тој.
Вработил десет лица, а во својот пита бар нудел седум солени и два вида на слатки пити.
На гостите им понудил и домашен јогурт и бил изненаден колку добро бил прифатен.
Меѓу нововработените имало и тројца студенти. На клиентите Хрватот им понудил и домашни колачи.
Својата работа ја темелел на долгодишното искуство на мајка му.