03 Јуни, 2020
0.0230

Народна банка: Надворешниот долг зголемен за 117 милиони евра

Објавено во: Финансии 30 Септември, 2019

Народна банка на Македонија објави дека бруто надворешниот долг на земјата за три месеци, односно во вториот квартал од 2019, е зголемен за 117 милиони евра, но поради зголемениот приватен долг, во услови кога јавниот бележи намалување. Станува збор за вкупен долг од 8,334 милиони евра, или 73,7 отсто од националниот Бруто домашен производ.

- Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.652 милиони милиона евра, или 50% од БДП.  На квартална основа, без трансакциите за управување со девизните резерви, тие се повисоки за 98 милиони евра, во услови на зголемување на приватните и јавните побарувања, соопшти централната банка.

Нето надворешниот долг изнесува 2.672 милиони евра, или 23,7% од БДП и е зголемен за 21 милион евра, или за 0,8%. И натаму долгот на приватниот сектор има доминантно учество во вкупниот нето-долг, со 58%.

- Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6.264 милиони евра, што претставува 55,5% од БДП. Зголемувањето за 39 милиони евра во споредба со претходниот квартал се објаснува со зголемените нето-обврски по должнички и сопственички инструменти, додаваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

КАМАТИТЕ УПОРНО ОДАТ НАДОЛУ - добро за тие што сакаат кредит, но неповолно за штедачите

КАМАТИТЕ УПОРНО ОДАТ НАДОЛУ - добро за тие што сакаат кредит, но неповолно за штедачите

Шекеринска: Ни требаат пари од странство!

Шекеринска: Ни требаат пари од странство!

АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА: Ќе им помогне на погодените и ќе ја намали сивата економија

АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА: Ќе им помогне на погодените и ќе ја намали сивата економија