28 Март, 2024
0.0252

Народната банка ја намали каматата, како ќе калкулираат банкарите

Објавено во: Економија 13 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Народната банка ја намали основната камата за 0,25 проценти или од 2,5 на 2,25 проценти. Тоа е каматата по која банките купуваат од централаната банка благајнички записи и е еден сигнал за движењето на банкарските камати на кредитите и на депозитите. Одлуката за намалување на оваа камата Народната банка ја донела на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. Олабавувањето следи по оценките дека има континуитет на поволни движења на девизниот пазар, што упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. 

„Истовремено, тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци. Дополнителен простор за монетарно олабавување создава и последната најава на ЕЦБ за задржување на каматните стапки на тековното ниво подолго од претходно очекуваното, како и за дополнително олабавување преку други монетарни инструменти, стои во соопштението од Народната банка.

Македонската економија порасна во последниот квартал лани за 3,7 отсто. Од централната банка велат дека во услови на ограничен обем на расположливи податоци, тешко може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата. Сепак, според нив, достапните податоци упатуваат на натамошни поволни движења во економијата, при забрзан раст на активноста во индустријата и натамошен раст на прометот во трговијата.

Од Народната банка соопштуваат дека првичните монетарни податоци за февруари годинава покажуваат месечен раст и кај депозитите и кај кредитите, со поволни поместувања од аспект на валутната и секторската структура. На девизниот пазар, банките на нето-основа откупиле умерен износ на девизи во трансакциите со клиентите. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

НЕПАЛКА ПЛАТИЛА 7.000 ЕВРА ЗА ДА ДОЈДЕ ВО ХРВАТСКА, НО ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ ЕДЕН МЕСЕЦ - еве со какви проблеми се соочуваат мигрантите

НЕПАЛКА ПЛАТИЛА 7.000 ЕВРА ЗА ДА ДОЈДЕ ВО ХРВАТСКА, НО ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ ЕДЕН МЕСЕЦ - еве со какви проблеми се соочуваат мигрантите