25 Април, 2024
0.0350

Народната банка не очекува значајни ефекти врз домашната економија по падот на лирата

Објавено во: Економија 16 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Со оглед на релативно ниското учество на извозот кон Турција во вкупниот извоз, не би се очекувале значајни ефекти врз домашните економски движења, посочуваат од НБРМ денеска коментирајќи го влијанието на состојбите во Турција вез глобалната и домашната економија.

Ова тврдење од Централната банка го поткрепуваат со анализата на  податоците за трговската поврзаност на македонската и турската економија која покажува дека во 2016 - 2017 година извозот во Турција во просек сочинувал околу 1,5% од вкупниот извоз.

„Увозот на стоки од Турција е поголем и сочинува околу 5% од вкупниот македонски увоз во 2016 - 2017 година. На страна на извозот, преовладуваат железото и челикот и текстилот и облеката, додека од Турција најмногу се увезуваат текстил и облека, опрема и машини, пластични маси, храна и пијалаци. Во првата половина од 2018 година извозот кон Турција е зголемен за 14%, а увозот за 10% споредено со истиот период од претходната година. Со оглед на релативно ниското учество на извозот кон Турција во вкупниот извоз, не би се очекувале значајни ефекти врз домашните економски движења.“- соопштуваат од Народната банка.

На крајот на 2016 година, Турција учествува со 5,3% во вкупната состојба на странски директни инвестиции во Македонија а доколку се задржи неповолната состојба во Турција, ваквата состојба, велат од НБРМ би можела да се одрази на идните капитални приливи од оваа земја. 

Од банкарскиот сектор, една банка е во доминантна сопственост на турски акционер, која сепак во најголем дел се финансира на домашниот пазар и не зависи од финансирање од матичната банка. 

„Директна изложеност на домашните банки кон турска лира речиси и да не постои, а побарувањата на банкарскиот сектор од нерезиденти од Турција се минимални (0,1% од вкупната кредитна изложеност). Воедно, кај банката со турски капитал постои и релативно слаба изложеност и кон домашни компании со странски капитал од Турција. Следствено, се оценува висока отпорност на банкарскиот систем на движењата во Турција“, се посочува од банката.

Во рамки на целокупната економска поврзаност на македонската со турската економија, би можел да се спомне и туризмот, со оглед на зголемениот број туристи од оваа земја во последниве години (во 2017 година пораст на просечниот месечен број на турските туристи за 22% споредено со просекот во 2016 година, при истовремен раст во однос на просекот во 2011 година за трипати). 

„Сепак, со оглед на тоа дека туристичката сезона е во полн ек и аранжманите веројатно се веќе направени, не би требало да се очекуваат значителни неповолни ефекти  во оваа област, особено имајќи ги предвид поповолните цени споредено со западните економии“, заклучуваат од Централната банка .

Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст