18 Април, 2024
0.0238

Народот слушна за средбата Заев-Ципрас, грчките весници најавуваат завршница

Објавено во: Балкан 13 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

На 17 мај во Софија, средба ќе имаат македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, продолжувајќи ги обидите да се изнајде решение за спорот со името. 

Заев во април годинава изјави дека кога јавноста ќе слушне најава за нивна нова средба, тоа би значело дека има шанси да се постигне достоинствено решение за државата.

Средбата на македонскиот и грчкиот премиер доаѓа по вчерашната средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас, под закрила на  медијаторот Метју Нимиц.

По вчерашната средба на шефовите на македонската и грчката дипломатија со медијаторот Метју Нимиц, грчките весници „Катимерини“ и „Та неа“ објавија слични анализи, околу можно сценарио за постигнување договор и одреден временски период за ратификација од страна на Македонија.

Да ѝ се даде доволно време на Македонија за да го одобри ерга омнес и да направи уставна ревизија предвидува сценариото што според „Катимерини“, во последните денови се разговара меѓу Атина и Скопје.

– Врз база на ова сценарио, кога ПЈРМ ќе ги одобри овие две предвидени точки, особено важни за Атина, тогаш автоматски соседната земја ќе се приклучи во НАТО и ќе ги започне пристапните разговори со ЕУ (секако, доколку Брисел упати соодветна покана), пишува „Катимерини“.





Можеби ќе ве интересира

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ЗИМСКИ БРАН ВО РЕГИОНОТ: Снег падна и во Сараево

ЗИМСКИ БРАН ВО РЕГИОНОТ: Снег падна и во Сараево

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“