25 Април, 2024
0.0300

Насер Зибери е новиот народен правобранител

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Насер Зибери вечерва е избран за нов народен правобранител. Тој ќе го наследи Иџет Мемети.

„За“ гласаа 61 пратеник од вкупниот број пратеници во Собранието, како и 26 од 41 пратеник од заедниците кои не се мнозинство. На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници. 

Опозицијата бараше изборот на Зибери да не се тргне од дневен ред, посочувајќи дека за неговиот избор најспорно е што тој шест месеци беше кандидат за премиер од партијата ДУИ која сега го предложи за  функцијата. Тие ова го нарекоа „пазарење, со кое владејачката партија му враќа на Зибери за неговата услуга да прифати кандидатура за прв премиер Албанец“ на изборите пред шест месеци и побараа повлекување на предлогот зашто сметаат дека е контрадикторен и неморален, бидејќи народен правобранител треба да е аполитична личност.

Тој беше промовиран во јуни годинава пред изборите, како кандидат на ДУИ за прв премиер Албанец, но како што го промовираше така лидерот на партијата Али Ахмети, подоцна низ преговрорите со Зоран Заев се договори во Владата која ќе ја води Заев да има само Албанец кој ќе е прв вицепремиер. И на тоа место седна Артан Груби. Зибери е поранешен министер за труд и социјална политика.

Пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не беше активен во политиката, односно за цело тоа време работи како нотар. Во 90-тите како кадар на ПДП влегува во политиката и во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски.

Претходно, а и по напуштањето на Владата, беше пратеник. 

Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Зибери во минатото беше висок функционер на ПДП.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи