НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БРИСЕЛ: Се бара правда за смртта на момче со африканско потекло
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2021
Протести има во Брисел по смртта на 23 годишниот Ибрахим Бари, момче со африканско потекло, при што белгиската полиција уапси 116 демонстранти меѓу кои 30 малолетници.
Се протестира поради смртта на момчето кое почина во притвор по насилното апсење. Официјални полициски претставници соопштија дека во центарот на Брисел дошло до насилство по вчерашните мирни протести на околу 500 демонстранти од кои дел носеа транспаренти и натписи „Црните животи се важни“. Според полициски извори, меѓу 50 и 100 демонтранти останале на улица и предизвикале инциденти и судири со полицијата во кои се повредени и неколку полициски службеници. Во соопшението од полицијата стои дека демонтрантите палеле оган, фрлале предмети кон полицајците, оштетиле неколку полициски возила и скршиле врата и прозорец на полициска станица.
Франс прес, повикувајќи се на канцеларијата на обвинителството во Брисел, јавува дека е отворена истрага за околностите на смртта на момчето.