НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ: Во Чиле загинаа 15 луѓе
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2019
Во протестите во Чиле има 15 мртви и 239 повредени.
Ова се случи во последните четири дена од протестите поради зголемувањето на цената на јавниот превоз.
„Најголем дел загинале во пожари или при грабежи на трговски центри во Сантјаго и други населени места“, изјави денеска заменикот министер за внатрешни работи Родриго Убија.
Тој прецизираше дека три од жртвите во Сантијаго се застрелани.
Повредени се 239 лица, меѓу кои и 50 војници или полицајци. Досега се приведени околу 2.200 лица.
Поради протестите, претседателот Себастијан Пинера свика лидерска средба заради разработување на идејата за социјален пакт, кој ќе ги обедини политичките партии во барањето на најдобрите можни решенија за проблемите кои ги засегаат Чилеанците.
Од петокот навечер во Сантјаго, како и во девет од 16 провинции во земјата, во сила е вонредна состојба.Протестите започнаа поради зголемувањето на цената на билетите за метрото во Сантијаго.
Вчера, само една од седумте линии на подземната железница делумно ја продолжи работата.