19 Април, 2024
0.0281

НАСИЛНИОТ НАСТАВНИК СЕ СООЧУВА СО НЕКОЛКУГОДИШНА КАЗНА ЗАТВОР: Дисциплинска комисија ќе одлучува за овој случај

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Формирана е дисциплинска комисија во О.О. У. „Панајот Гиновски“ во населба Бутел, која ќе одлучува како да се постапува во случајот каде наставник удира ученик, информираат од училиштето за Радио МОФ.

За инцидентот се дозна преку видео што го снимал соученик и било споделено на социјалната мрежа Тик Ток. На него се гледа како наставникот прво го удира ученикот, па го крева во воздухот.

Случајот е пријавен во МВР. Оттаму велат дека работат на расчистување на случајот.

„Извршен е разговор со лица поврзани со случајот и по насока на Јавен обвинител ќе биде доставен соодветен поднесок до надлежното обвинителство“, информираат од МВР.

Правниците, како што пишува пак, Плусинфо сметаат дека не е искучено наставникот кривично да  одговара, односно да му се стави на терет на насилникот кој направи повреда на правото на детето според  чл.130 и чл. 143 од КЗ.

За ова кривично дело во Кривчниот законик законодавецот во ченот 130 предвидел заторска казна од шест месеци до три години, а пак за кривичното дело, малтретирање во вршење на службата (член 143) е предвидена казна и до пет години.

„Тој што во вршењето на службата малтретира друг, го застрашува, го навредува или воопшто спрема него постапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години“, се вели во Кривичниот законик.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите