21 Октомври, 2021
0.0282

Наскоро: GoGlobal - Виртуелни сесии за маркетинг стратегии наменети за перформанс огласувачи

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2021

Наскоро: GoGlobal- Виртуелни сесии за маркетинг стратегии наменети за перформанс огласувачи

GoGlobal, еднодневен виртуелен настан составен од динамични сесии за маркетинг стратегии, ќе се случи за првпат на 29 септември 2021 година, со почеток од 13.00 часот по Средноевропско време. Под организација на „Aleph Holding, овој настан ќе ги собере светски познатите маркетинг лидери и говорници кои се партнери на Aleph, вклучувајќи ги Facebook, SnapchatandTikTok, како и огласувачи кои успешно ги искористиле придобивките од овие платформи за да ги подобрат своите резултати. Приклучете се на сесиите и слушнете ги индивидуални лекции и совети на говорниците, кои се наменети да им помогнат на регионалните брендови да го забрзаат својот глобален раст преку огласување на социјалните медиуми.

Ерикас Плоткинас (ErikasPlotkinas) - маркетинг директор на “KiloHealth”; Андреј Кугониќ (AndrejKugonić) - одговорен за маркетинг и раст во “Nordeus”; Катарзина Паливода (KatarzynaPaliwoda) - директор за нови пазари во “FacebookCEE”; Артурс Лукасевиц (Arturs Lukasevics) - раководител за раст за Центрлна Европа на “TikTok”, Имран Кан (ImranKhan) - извршен директор и ко-основач на “Verishop”; Дени Рајт (DannyWright) - главен директор за брендови на “Adweek” и Марис Наглис (MarisNaglis) - потпретседател за успех на клиентите во “Httpool” се само дел од лидерите во индустријата и перформанс маркетинг експерти, кои ќе ги споделат своите ексклузивни согледувања и знаења за време на настанот GoGlobal.

Во само еден ден исполнет со одлични сесии, присутните ќе дознаат како да:

  Го забрзаат растот на својот бренд преку сеопфатна стратегија за перформанс огласување

  Ги постават основните елементи за успех и да почнат да ја следат животната вредност за клиентите

  Да ја искористат моќта на брендирањето за да го засилат растот

  И многу повеќе!

Настанот може да го следите бесплатно, а веќе е започнат процесот на регистрација за сите заинтересирани, без оглед на нивната локација: https://goglobal.events/

"GoGlobalе првиот од низа настани организирани од „Aleph“ чија цел е да се сподели знаење и да им се помогне на компаниите максимално да го искористат глобалниот потенцијал што дигитализацијата и социјалните медиуми го нудат. Настанот ќе овозможи перформанс огласувачите да дознаат нешто повеќе од најуспешнитево нивниот сектор како и од најуспешните брендови на пазарот, но и да се запознаат со најновите трендови за искористување на потенцијалот што го нудат 4 милијарди луѓе кои секојдневно се активни на дигиталните платформи.“– Марис Наглис, потпретседател за успех на клиентите во Httpool, компанија на „Aleph Holding“.

Aleph е најголемиот глобален партнер за дигитални медиуми во светот кој работи на 85 пазари и кој има доверена задача да ги поврзе најголемите играчи во дигиталните медиуми со огласувачите кои се потпираат на нив. Дел од ексклузивните партнери во различни земји се Twitter, Spotify, Snapchat, LinkedIn, TikTok, Facebook, Twitch, Tripadvisor, and EA, меѓу другите. Httpool е компанија на Aleph Holding, која е претставник на водечките платформи за дигитални медиуми во повеќе од 60 пазари во Европа и Азија.

Уникатната комбинација на пристап до најголемите дигитални играчи, сопствена технологија и експертско практично знаење им овозможува на Httpool и IMS (Internet Media Services) да ги поддржат бизнисите и брендовите во искористување на максималниот потенцијал во нивните напори за рекламирање и подобрување на деловниот успех. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Контрола на мастите во организмот со природни препарати

Контрола на мастите во организмот со природни препарати

Улица „Македонија“ е поблиску да го заслужи епитетот „Петта авенија“: „Божиновски часовници и накит“ со нов бутик салон кој доликува на светските метрополи

Улица „Македонија“ е поблиску да го заслужи епитетот „Петта авенија“: „Божиновски часовници и накит“ со нов бутик салон кој доликува на светските метрополи

Летонија ја лансираше првата 5G прекугранична тест локација во Европа

Летонија ја лансираше првата 5G прекугранична тест локација во Европа

Дали вашите податоци се безбедни на вашиот паметен уред?

Дали вашите податоци се безбедни на вашиот паметен уред?

Издадена 30.000-тата IuteCredit Mastercard картичка

Издадена 30.000-тата IuteCredit Mastercard картичка

Започна наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија во која главната награда е атрактивно АТВ-возило

Започна наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија во која главната награда е атрактивно АТВ-возило

Дарко од Охрид, од верен играч на 2win.Mk , до сопственик на нов скутер

Дарко од Охрид, од верен играч на 2win.Mk , до сопственик на нов скутер

Плаќање на сметки за режиски трошоци во Пошта по најконкурентни цени

Плаќање на сметки за режиски трошоци во Пошта по најконкурентни цени

VISA Business од Силк Роуд Банка: Eдинствена бизнис картичка со поврат на средства во државата

VISA Business од Силк Роуд Банка: Eдинствена бизнис картичка со поврат на средства во државата