24 Април, 2024
0.0320

Наскоро ќе треба да се мисли за нов гувернер на НБРМ

Објавено во: Економија 10 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Поради истекот на мандатот на актуелниот гувернер на НБРМ, Димитар Богов, политичарите ќе треба да мислат и на избор на нов гувернер кој би ја презел една од најважните монетарни институции во државата, но засега нема истакнато ниту една кандидатура. Исто така доста тивко се говори за тоа кој би бил нов предводник на НБРМ иако засега првиот монетарец има слободен пат да се кандидира за уште еден мандат. 

Освен банкари во јавноста се свртеа и имињата на Зоран Јовановски, поранешен вицепремиер, професорот Ванчо Узунов, кој му е советник на премиерот Заев за финансии, како и актуелниот заменик министер за економија Кире Наумов.

Како сериозен кандидат се смета и Фатмир Бесими, кој има огромна поддршка од ДУИ. Бесими има искуство, тој во  2004 година беше вицегувернер. Дали сега ќе добие предност пред останатите имиња и дали ќе биде компромисно решение?

Предлогот за гувернер го дава претседателот, а го избира парламентарното мнозинство, а според партиските извори Иванов попрво би предложил кадар кој не е близок до СДСМ.

Од кабинетот на претседателот се уште нема информација кога предлогот за иден гувернер ќе биде доставен до Собранието. Велат дека Иванов веќе два месеци се консултира со релевантни фактори од оваа област.

„Претседателот Иванов како и досега, така и во иднина, ќе се води исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага, со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа многу значајна функција во државата за време на неговиот мандат“ - Република Македонија Претседател

Бидејќи во Уставот и законите не се предвидува временски рок со кој претседателот на државата е обврзан да го достави својот предлог до Собранието, од кабинетот на Иванов велат дека претседателот ќе постапи согласно досегашната практика.

Богов беше избран на 16 март, што значи дека оваа година изборот на идниот гувернер ќе биде подоцна.

Од Народната Банка соопштија дека изборот не се прави по доставена кандидатура.
„Законските одредби не предвидуваат потреба или можност некое правно или физичко лице до Претседателот на државата да достави кандидатура или номинација за вршење на оваа одговорна функција“ - НБРМ

Во 2011, ДУИ не се согласуваше со изборот на Богов и бараа од претседателот да го повлече предлогот доставен до Собранието. Тоа ја раздрма коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Сега политичките партии молчат.

Новиот гувернер треба да остане независен од власта и да задржи стабилно ниво на денарот.

Извор: ТВ24


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи