20 Април, 2024
0.0261

WWW.LOTO.MK СО НОВ ИЗГЛЕД И ПОДОБРЕНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Наскоро, ONLINE уплата за ЛОТО 7 и Џокер на Државна Лотарија

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Државна Лотарија на свое големо задоволство најавува дека подготви нов изглед на добро познатата веб страна www.loto.mk, која доби нова подобрена функционалност и најважно од се, наскоро ќе се претвори во постојано отворен канал за учество во игрите на среќа  ЛОТО 7 и ЏОКЕР.

Веќе подолг временски период, тимот на Државна лотарија напорно работи на приближување на можноста за учество во игрите на среќа до граѓаните ширум земјата. Едновремено со збогатување на портфолиото игри на среќа и зголемувањето на бројот на уплатно-исплатни места, како членка на Европската асоцијација на лотарии, внесе голем број новини по углед на државните лотарии на Европа. Овој пат, нашата Лотарија е подготвена да одговори на предизвикот и барањата на новото време и преку својата нова бев страна да овозможи учество во игрите на среќа кои ги приредуваме. 

Овој сериозен проект веќе може да се види со клик на www.loto.mk.

Новата веб страна, која е со нов изглед и нова функционалност, ќе понуди многу новини и информации за играчите на игрите на среќа чиј приредувач е Државна Лотарија.  Играчите кои сакаат да продолжат да уплаќаат на своите среќни места, на новата веб страна поедноставно ќе доаѓаат до резултатите и поедноставно ќе проверуваат добивки. А оние кои до сега не учествуваа во игрите на среќа Лото и Џокер заради немање време за чекање на продажно место, наскоро ќе добијат свое мобилно среќно место и ќе можат да се вклучат во игра од било каде и во било кое време.


Се зајакна и тимот на контакт центарот кој веќе почна да работи со ново, продолжено работно време: од 8:00 – 22:00 од понеделник до сабота, а во неделите од 8:00 до 16:00.

Покрај досегашниот телефонски број на Контакт центарот - 02 323 7777 и Е-меил адресата helpdesk@loto.mk, додаден е и број на вибер за корисниците на мобилна телефонија 076 313 052.

Наскоро, наместо да барате продажно место, наместо да чекате во редот за уплата на ЛОТО 7 и Џокер,  можноста за учество во игрите на среќа на Државна Лотарија, ќе ви биде достапна во вашиот дом, во вашето омилено кафуле, на пауза во канцеларија, на вашата автобуска постојка и насекаде каде што сте ONLINE. 

Новата веб страна  ќе ги содржи сите информации и за останатите игри на среќа како инстант лотарија и електронските игри КЕНО и Среќни Топчиња.

Пред да го објавиме официјалното отворање на  можноста за ONLINE уплата за учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, Ве покануваме да ја посетите www.loto.mk.


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција