29 Март, 2024
0.0254

Наскоро универзитетски професори, експерти, интелектуалци и граѓани ќе се обединат во Фронт: Која ќе биде нивната цел?

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Стотина универзитетски професори, експерти, интелектуалци и бројни загрижени граѓани формираат Фронт кој ќе биде фокусиран кон економскиот развој, унапредувањето на демократијата, почитувањето на законите, брзото интегрирање во НАТО и ЕУ и дефинирање на ефикасна стратегија за општ развој, дознава Фактор од добро упатени извори. 

Иницијаторите сметат дека постојната политичка репрезентација, посебно кај Албанците е разочарувачка. Таму со години владее една мала група која ги гледа само сопствените интереси, владее безидејност, непосветеност и тотална непрофесионалност. За нив како и да не постои поимот економски развој. 

Администрацијата во голема мера или не е подготвена професионално да излезе во пресрет на општите потреби на општеството, или пак и самата е корумпирана, па затоа ги кочи сите приватни иницијативи. 

 Основачите сметаат дека општиот застој е особено присутен во средините каде што живее албанско население и дека таквиот грч со години се покрива со лажен патриотизам. 

Според основачите, етничките прашања долго време биле злоупотребувани и биле маска зад која се крие организиран криминал.

 Тие ветуваат дека организирано ќе работат како мултиетничка организација и дека е време, сите заедно без оглед на етничката припадност да се фокусираме кон економскиот развој на државата, зајакнување на вработеноста, зголемување на човечкиот стандард, спречување на иселувањето на младите, обезбедување владеење на правото, принципиелната борба против корупцијата, правата на човекот итн. 

 Овој Фронт ќе биде промовиран наскоро и ќе делува како граѓанска организација, но, ако нема сериозни реформи во постојните политички партии, можно е да понуди излез од постојниот грч, особено кај албанскиот дел.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење