НАСЛОВИ ВО ФРАНЦУСКИТЕ МЕДИУМИ: „Париз осамен во Брисел“, „Франција внесе студ на Балканот“
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2019
„Позицијата на Франција предизвика револт кај некои членки на ЕУ“, „Париз е осамен во Брисел“, „Париз го блокира пристапувањето на Северна Македонија и Албанија“, пишуваат француските медиуми.
„Проширување на ЕУ, Франција внесе студ на Балканот“, пишуваат франуските новинари.
Сите текстови се со анализа за тоа кои се ставовите на видни политичари на ЕУ, и што бара францускиот претседател, Емануел Макрон.
Но, се додава дека до крајот на неделата ќе се знае што понатаму со овие две земји, дали ќе добијат датум за преговори или не.
Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека шансите за датум не се добри.
Францускиот претседател Емануел Макрон се залага за реформи во ЕУ, па дури потоа проширување.