20 Април, 2024
0.0277

НАТО: Интегрирање на систем во Северна Македонија за подобро справување со лизгање на земјиштето и поплави

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Со помош на НАТО, Северна Македонија спроведува нов систем за подобрување на интервенциите во реално време и подобро справување со катастрофи како што се лизгање на земјиштето и поплави, објави Алијансата на својата официјална интернет-страница.

Командниот систем за инциденти од новата генерација (NICS) е поддржан од научната програма на НАТО за мир и безбедност (СПС). Откако ќе се воспостави, ќе им овозможи на првите одговорни лица брзо и ефикасно да разменуваат информации за последиците, вклучувајќи GPS локации или слики преку мобилни уреди.

"Овој проект е пример за тоа како Програмата СПС ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО, помагајќи да се подготват земјите-кандидати како Северна Македонија да придонесат за заедничката безбедност и стабилност како предуслов за членство во Алијансата", рече д-р Антонио Мисироли, помошник-секретар на НАТО за новите безбедносни предизвици по неодамнешната посета на Скопје.

Северна Македонија успешно го тестираше системот за време на теренските вежби организирани од Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) во 2017 и 2018 година. Повеќе од 500 претставници од различни институции се обучени за користење на NICS и сите релевантни јавни тела да се интегрираат и да може да го користат од крајот на 2020 година.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан