24 Април, 2024
0.0306

Натпреварувајте се со пријателите и пропешачете заедно 78 милијарди чекори на Samsung Health апликацијата

Објавено во: Мои пари 12 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics најави воведување на нова опција на својата популарна апликација Samsung Health, наречена Group Challenge. Оваа опција им овозможува на корисниците да креираат натпревари со најмногу девет учесници, кои можат да се натпреваруваат во тоа кој ќе се движи најбрзо или најдолго и чија крајна цел е промовирање на здрав живот во пријателска средина. Group Challenge ќе биде достапен во рамките на апликацијата од 12 јануари 2021 година[1] на сите Samsung Galaxy паметни телефони, паметни часовници и лични уреди за следење, по ажурирање на Google Play или Galaxy Store.

Group Challenge[2] опцијата корисниците ќе можат да ја користат преку Together делот на апликацијата Samsung Health, откако ќе создадат група чии членови потоа ќе се натпреваруваат кој ќе направи најмногу чекори во дадено време или кој прв ќе го достигне утврдениот број чекори. Оваа опција не бара од другите учесници задолжително да имаат инсталирано апликација Samsung Health на нивните паметни уреди, така што корисниците можат лесно да ги поканат своите пријатели, семејство или колеги на здрав предизвик.  

„Во нашиот брз секојдневен живот, а особено во сегашните околности на меѓусебно дистанцирање, останувањето во добра форма и одржувањето на здравјето не е воопшто лесно. Поради оваа причина, ние ќе продолжиме да ја надградуваме апликацијата Samsung Health со дополнителни опции, за да им обезбедиме на нашите клиенти квалитетна дигитална платформа за поздрав живот.“, рече TaeJon Jay Yang, потпретседател и директор на дигитални здравствени решенија во Samsung Electronics.

Предизвик како вистинска мотивација

Податоците собрани од апликацијата Samsung Health покажуваат дека корисниците кои учествуваат во предизвици покриваат 22 проценти поголемо растојание од просечното, што покажува дека натпреварувањето е најдобра мотивација да останат во форма. Со Group Challenge, корисниците веќе имаат пристап до опции како што е 1:1 challenge за повикување на предизвик за двајца, како и Global Challenge да се натпреваруваат со корисници од целиот свет. Најновите додатоци им овозможуваат на корисниците да бидат администратори на повеќе создадени предизвици истовремено, односно да се натпреваруваат со повеќе пријатели независно едни од други.  

Здравје на повисоко ниво

Откако апликацијата беше лансирана во 2012 година, Samsung Health значително ги прошири своите можности со различни здравствени, велнес и фитнес програми, како и голем број експертски видеа и опции за следење на спиењето, срцевиот ритам и крвниот притисок. Само во 2020 година, апликацијата ја користеа над 200 милиони луѓе, а минатата година корисниците согорија вкупно 3 милијарди калории и направија 78 милијарди чекори. За споредба, наведениот број чекори е еднаков на растојанието помеѓу Сонцето и Земјата што Samsung корисниците го прошетале дури 200 пати. 

####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областите на телевизиските апарати, паметните телефони, носечките уреди, таблети и дигитални домашни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com.



[1]Достапноста зависи од пазарите.

[2]Потребна е минимална верзија на оперативниот систем Android M.

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот