29 Март, 2024
0.0278

Научетe како семејниот бизнис создава богатство

Објавено во: Економија 16 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

На 2 јуни 1962 година Сем Волтон во спокојниот град Роџерс, во Арканзас, отвара продавница за попусти - првиот Wal-Mart во светот. Во 1972 година, компанијата стана јавна и брзо се проширува до над 11 400 продавници во светот. Американскиот синџир за трговија на мало во моментов има околу 2,2 милиони вработени, што ја прави најголем приватен работодавач во светот.

Најстариот син на основачот, С. Робсон Волтон, денес е претседател на Управниот одбор и раководи со компанијата.

Семејство Волтон поседува вкупно 50,9% од акциите, а со тоа и мнозинството од правата на глас

Во однос на приходите (476,30 милијарди долари) Wal-Mart во моментов е најголемата семејна компанија во светот. Ова го покажува индексот Global Family Business Index, кој беше создаден за прв пат од Центарот за семеен бизнис при Универзитетот во Сент Гален, во соработка со консултантската компанија EY.

Сите 500 семејни компании заедно имаат приходи од 6,523 трилиони долари според истражувањето. "Тоа е една огромна економска сила", вели авторот на студијата Миријам Бирд, економист во Центарот за семеен бизнис на Универзитетот во Сент Гален. "Тоа би претставувало третиот по големина бруто домашен производ по оние на САД и Кина". Вкупно 500-те компании имаат околу 21 милиони вработени - речиси колку што е населението на Австралија.

Во САД се базирани 101 од 500-те најголеми семејни фирми, по што следува Германија со 94 фирми. Со голем проред следат Италија со 31 фирма. Втората по големина семејна компанија во светот е од Германија: Volkswagen. Ривалот BMW се рангира на осмата позиција, а германската група Schwarz, со продавниците Lidl и Kaufland, е на деветтата позиција.

Најголемите 500 семејни бизниси се одликуваат со необична одржливост

Просечната должина на нивните активности е 88 години. Најстарата компанија во листата е од Јапонија: Takenaka (148 место), основана во 1610 година во Нагоја како храм на дрводелската, а денес е една од водечките градежни групи во земјата. Фирмата е предводена од Тоичи Такенака, потомок на основачот.

Изненадувачки, но факт - 44% од 500-те најголеми семејни фирми се водени од четвртата генерација или поголема. "Но, генерално помалку од четири проценти од сите семејни бизниси успеваат да достигнат слична фаза", вели Бирд. "Со секоја нова генерација загинува една третина од семејните компании", вели тој. "Најдоцна при преминот кон третата генерација има многу пропаднати", констатира тој.

Која е тајната за успехот на најголемите семејни компании?

"Тие се многу флексибилни и иновативни. Постојано откриваат нови начини за профит ", вели Питер Инглиш, шеф на одделот во Ernst & Young. Истражувањето на Универзитетот во Сент Гален докажува дека семејните компании како целина вложуваат помалку средства во развој и истражување, но и покрај тоа се поефикасни во однос на иновациите, отколку другите. Бирд дополнува: "Иновативниата сила се зголемува, кога член на семејството е на врвот на компанијата".

Во прилог: семејните компании размислуваат во перспектива за генерации, а не за квартали. "Постигнувањето на краткорочна максимална добивка е туѓа идеја за нив", вели Инглиш. "Сопствениците не сакаат да ги молзат компаниите како крава за кеш". Бидејќи сопственоста обврзува.

И друг критериум е од клучно значење за долгиот успех: "Уметноста за семејниот бизнис е во тоа да се комбинираат рационалниот свет на бизнисот со емоционалниот свет на семејството", вели експертот на EY. "Волшебниот триаголник - власт - љубов - пари, треба да биде избалансиран ".

Транзицијата кон следната генерација е емоционален момент на рефракција.

Кој треба да ја преземе компанијата - член на семејството или надворешен човек?

"Нема магична формула, од значење е поголемиот јаснота", вели Инглиш. Во некои фирми како Miele (304 место) активни во менаџментот се наследници на двајцата основачи - Маркус Миле и Рајнхард Цинкан. Сосема различна е ситуацијата во конгломератот Haniel (место 289): според непишаните семејни правила семејството го препушта оперативниот бизнис на надворешните менаџери. Претставници на семејството дејствуваат само во Надзорниот одбор. Од клучно значење за успехот при таков модел е семејството да остане стручно во индустријата, смета Инглиш. Во спротивно сопствениците остануваат во рацете на странски менаџери.

Исклучително важни за семејните компании се јасните правила и вредности - Од каде доаѓаме? Каде сме? Каде одиме? Што е она што не обединува?

kompanii

Социјалните фондации според Инглиш често се обединувачки елемент. Бидејќи тие создаваат идентитет за разгранувачки семејни родови. Лакмусот секогаш е колку често се пренесуваат средствата на следната генерација. Ако патријархот решава премногу самостојно, често може да има жестоки спорови за наследството. "Ова може да го уништи не само семејството, но и компанијата", предупредува Инглиш.

"Мирот храни, војната нè доведува до глад". Оваа поговорка виси над 100 години над историската канцеларија на Карл Миле во Гјортелсло. Основачот на компанијата знаел што може да ја задржи една семејна компанија во текот на годините. Од четири генерации производителот на техника за домаќинствата е повеќе од успешна, иако збор во него имаат два семејни клана.

Семејните компании во Азија и Источна Европа исто брзгу се израмнуваат. Особено оние од Кина. Во земјите во кои поради социјализмот долго време не било можно претприемништвото, наѕира првиот бран од основачи. По неколку години се очекува во оваа листа да има многу повеќе азиски претставници, смета Инглиш.

К.К.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие