20 Април, 2024
0.0274

НАУЧНИЦИТЕ КОНЕЧНО ОДГОВОРИЈА ЗОШТО АСТРАЗЕНЕКА ЈА ЗГРУТЧУВА КРВТА: Тоа е верижна реакција која доведува до опасните згрутчувања

Објавено во: Свет 02 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Аденовируст кој се користи во вакцината АстраЗенека може да го привлече тромбоцитниот фактор 4 што потоа предизвикува згрутчување на крвта, најчесто во мозокот и во црниот дроб, јавува Би-Би-Си. Дури 73 луѓе починале од компликации поврзани со вакцината од вкупните 50 милиони дози дадени во Велика Британија.

Научници од Кардиф во нивното најново истражување објавено во Science Advances сметаат дека кај ретките случаи кај кои дојде до згрутчување на крвта по примена вакцина на АстраЗенека, станува збор за верижна реакција која доведува до опасните згрутчувања.

Сеапак, портпаролката на АстраЗенека нагласи дека згрутчувањето е поверојатно поради инфекција со ковид-19 отколку поради вакцините и дека сè уште не е утврдено целосното објаснување зошто се појавуваат.

Еве како вакцината против корона вирусот, развиена од британско-шведскиот производител може да предизвика ретки згрутчување на крвта:

Вакцината е направена од генетскиот материјал на коронавирусот и е комбинирана со вирусот на настинка. Вакцината се инјектира во мускул, но понекогаш може да истече во крвотокот.

Може да го привлече тромбоцитниот фактор во крвотокот. Тоа е мал цитокин кој игра улога во заздравувањето на раните и воспалителните процеси.

Имунолошкиот систем во ретки случаи го заменува споменатиот тромбоцитен фактор со вирус, по што вклучува антитела за да го нападне.

Антителата и тромбоцитниот фактор 4 се акумулираат и стануваат предизвикувач за згрутчување на крвта.

Тромбозата најчесто настанува во мозокот и во црниот дроб

Авторите на студијата се надеваат дека нивните наоди може да се искористат за подобрување на вакцините базирани на аденовирус за да се намали ризикот од згрутчување на крвта.


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато